Хрватска доминантно до победа над македонските кадети

Кадетската репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на ЕП – Б дивизија во Гевгелија откако нашите млади кошаркари вечерва беа убедливо пораззени од Хрватска со резултат 57-112. Хрватите уште еднаш покажаа зошто важат за главни фаворити за пехарот на овој шампионат, одигрувајќи уште еден беспрекорен натпревар во кој не им дозволија на нашите млади кошаркари ниту за момент да се понадеваат на позитивен резултат.

Македонија водеше со 3-0 и со 5-2 со петте поени на Шабани, но „коцкестите“ набргу презедоа иницијатива целосно контролиајќи го натпреварот до самиот крај. По десет минути игра резултатот гласеше 15-21, а солидно се држевме и до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со „минус 13“ (33-46). Хрватите одиграа импресивно во третата четвртина што ја добија со преубедливи 35-14, а потоа во последните десет минути им дозволија на нашите кошаркари да постигнат само 10 поени, за препубедливи плус 55.

Шабани со 16 и центарот Котевски со 2 поени беа единствените двајца со двоцифрен ефект во нашата селекција на овој натпревар.

Македонија во следното коло в понеделник ќе се сретне со селекцијата на Швајцарија (18.30 часот).

Се вчитува...