Хрватска го доби „ватерполо супер-класикот“ против Србија

Хрватска го доби големиот ватерполо „супер-класик“, против Србија откако во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта славеше со 14-12.

Првата четвртина помина во неверојатна борба во базенот, во која голманите доминираа, а по осум минути игра двете репрезентации успеаја да постигнат само по еден гол (1-1). Во втората четвртина ватерполистите успеваа да погодуваат, а Хрватите на полувреме заминаа со минимална предност од 5-4.

Во третиот период Хрватите побегнаа на три гола позитива, но со добра игра во финишот Србија успеа да остане на само минус еден (10-9), пред последните осум минути од натпреварот. Во последната четвртина Хрватите одиграа далеку подобро од својот противник и на крајот стигнаа до конечен триумф од 14-12.

Во полуфиналето Хрватска го чека подобриот од мечот меѓу Шпанија и Црна Гора.

Се вчитува...