Хрватска им се реваншираше на јуниорите

Селекциите на Македонија и на Хрватска за играчи „Под 18“ години запишаа по една победа на двомечот одигран во изминатите два дена во Дарувар. По победата на нашата селекција на првата средба, вечерва хрватскиот јуниорски состав беше подобар од нашиот со 80-67.

На оваа втора „контрола“ одиграна за краток временски рок, пресудна беше подобрата игра на домашната селекција во втората четвртина. Хрватска ја доби со двојно поголеми (22:11), и на полувремето се стекна со високи (42:29).

Разлика која се покажа како недостижна за нашите јуниори. Во продолжението на средбата, двете екипи одиграа егал, „коцкастите“ успеаја да го задржат двоцифреното водство, и на крајот да ни се реваншираат за поразот во првиот натпревар одигран во Дарувар.

На вториот натревар, уште еднаш, поентерски се одвои „трилингот“ Симиќ (17)-Бошалески (16)-Шошкиќ (13 поени).

Се вчитува...