Хрватска повторно воведе забрана за навивачи на спортските настани

Во Хрватска повторно е вовоедена забрана за присуство на навивачи на спортските настани. Со оглед на дрстично влошената ситуација во државата со коронавирусот и рекордот од 2421 новозаболен во последните 24 часа, хрватската влада објави нови рестриктивни мерки кои почнуваат од денеска.

Една од новите мерки е дека спортските настани можат да продолжат да се одржуваат, но без присуствo на публика. Инаку на почетокот на септември Хрватскиот фудбаски сојуз донесе одлука дека навивачите можат да се вратат на трибините и тоа со поплнување на максимум третина од капацитетот на стадионот. Но, по повеќе од еден месец спортските настани повторно ќе бидат пред празни трибини.

Дел од државите кои во моментов се соочуваат со вториот или есенски бран на коронавирусот имаат огромни бројки на новозаразени и затоа во дел од нив повторно беа воведени посторги мерки за одржување на спортските настани, во некои земји беа воведни и суспензии на дел од првенствата. Кај нас, беше одбиено барањето на дел од федерациите за можност за враќање на дел од навивачите на трибините.

 

 

 

Се вчитува...