Хрватска во полуфиналето на СП во ватерполо, Србија елиминирана од Шпанија

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во ватерполо кое се одржува во Гвангжу.

Бранителот на титулата и прв фаворит за нова шампионска круна, во четвртфиналната пресметка славеше против Германија со 10-8.

Во полуфиналето Хрватска ќе игра со Шпанија која, пак, во првото четвртфинале беше подобра од Србија победувајќи со 12-9.

Во останатите две четвртфинални пресметки се среќаваат Италија – Грција и Унгарија – Австралија.

Се вчитува...