Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) на свој начин се радуваше на победата на Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампионите, а притоа упати порака до ПСЖ и Манчестер Сити.
Добро е познато дека во последните 10 години барем еден хрватски фубдалер го подига трофејот во Лигата на шампионите, а на офицјалниот профил на „Твитер“ на оригинален начин ги „пецнаа“ двата гиганти.
„Извинување до ПСЖ и Манчестер Сити, но едноставно не можеме да си помогнеме“, стои во постот. На него фотографија со раскрница на која на едниот знак стои: „Купи Хрват и освои ја ЛШ“ и на другиот „Потроши милијард без трофеј во ЛШ“, и на него автомобил како оди кон ова второво.
ПСЖ и Манчестер Сити во последните години имаат многу пари, но и натаму не купуваат фудбалер од Хрватска, што очигледно е „рецептот“ за освојување на трофејот. Во минатите 10 години овој трофеј го подигнаа Манџукиќ, Ковачиќ, Модриќ, Перишиќ, Ракитиќ и Ловрен.
Apologies to @PSG_English and @ManCity – we can’t help ourselves today 🤷🏻♂️#CroatiansOnTopOfEurope #10yearsinarow pic.twitter.com/MqBz6OupJ4
— HNS (@HNS_CFF) May 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА