Хуманитарен голф спектакл: Вудс и Микелсон против Брејди и Менинг

Најславните голфери на денешницата, Тајгер Вудс и Фил Микелсон заедно со НФЛ суперѕвездите, Том Брејди и Пејтон Менинг, ќе бидат дел од хуманитарен голф турнир кој ќе се одржи следниот месец. Собраните пари ќе одат во фондот за помош на битката со коронавирусот. Нема многу детали за оваа пресметка, но се очекува да биде дуел – двајца на двајца.

Се очекува настанот да привлече огромно внимание, ќе биде емитуван на ТВ, а јавноста е желна за спорт со оглед дека речиси сите спортски активности во светот се прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

 

 

Се вчитува...