И Артета го коментираше инцидентот меѓу Алиоски и Пепе: Тоа е недозволиво, ќе разговарам со него

Иако дел од англиската фудбалска јавност не го оправда потегот на Езгијан Алиоски, кој изнуди црвен картон за фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе, на вчерашниот натпревар на Лидс, сепак менаџерот на „топчиите“ Микел Артета не го оправда потегот на неговиот фудбалер.

„Без разлика на се не може да се прифати такво однесување на терен. На натпревар од Премиерлигата не смеете да си дозволите да паднете на такво ниво и да се случуваат такви работи. Тоа е неприфатливо. Ќе мора да разговарам со Пепе, кој мислам дека треба да им се извини на соиграчите бидејќи со непотребниот црвен картон го промени планот за игра. Јас никогаш не се задоволувам со реми, но во едни такви услови мислам дека е во ред нерешениот резултати“ – изјави Артета по вчерашниот дуел со Лидс.

Се вчитува...