И Австријките подобри од Македонија на ЕП до 18 години

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години доживеа нов пораз на Европското првенство во Б-дивизија откако загуби од Австрија со 74-81, завршувајќи го настапот на 16. место.

Клучна за поразот на „црвено-жолтите“ беше првата четвртина која Австријките ја добија со 16-30 по што умешно го одбиваа налетот на нашите репрезентативки кои во два неколку наврати стигаа до негатива од два напада.

Со 27 поени Ања Начевска ја предводеше Македонија, додека неа ја следеа Алексовска и Ѓуковиќ со по 11 поени. Како двоцифрена натпреварот го заврши и Николиќ која броеше до 10.

Се вчитува...