И Бартомеу се јави: Навивачи, извинете!

И претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу се огласи по синоќешниот дебакл на неговиот тим во Лисабон.

„Навивачи, извинете“ – порача Бартомеу и дополни:

„Не ги оправдавме очекувањата. Пике е во право дека ова е вистинска катастрофа. Од сега ќе носиме сосема поразлични одлуки, некои ги имав на ум и пред натпреварот, и ќе ги оствариме наредниве денови“.

Останува да се види дали Бартомеу ќе биде човекот што ќе ги донесе промените во Барса, со оглед на гласните барања тој да биде првиот што ќе си замине, посочен како главен виновник за овосезонското фијаско.

Поразот од 2-8 од Баерн Минхен е најголемиот и најсрамниот пораз на Барселона, со шест гола разлика, во последните 70 години.

 

Се вчитува...