И братот на Вемби доаѓа во НБА лигата!

Оскар Вембањама веќе им го привлече вниманието на скаутите кои ги следат јуниорските лиги во Франција, но и пониските сениорски лиги.

Сите сме слушнале за „Вемби“, а на сцената стапува уште еден. Помладиот брат на Виктор, Оскар, полека го трасира својот пат кон кошаркарските височини. Сепак, тој нема да ги достигне висините на постариот Вембањама, бидејќи на 19-годишна возраст е висок „само“ 202 сантиметри. Постариот брат е висок 224 сантиметри.

Оскар во моментов се докажува во националниот тим. Во Љубљана се одржува Европското првенство за играчи до 20 години, а помладиот Вембањама бележи просек од девет поени и 7,5 скока. Французите се во група со Турција и Италија, а ги очекува и натпревар против Германија.

Оскар игра на крилните позиции и е добар во играта и во напад и во одбрана. Тој не е сосема како Виктор бидејќи претпочита игра од надворешните позиции. Солиден шутер е и имаше учинок од 50/40/90 во француските јуниорски лиги.

Се вчитува...