И Дел Пјеро признава: Немаше пенал за Јувентус!

Не може да мине натпревар меѓу Јувентус и Интер без судиски контроверзи, а исклучок не беше ниту вечерашното дерби на кое „старата дама“ со сомнителен пенал стигна до триумф од 3-2.

Бројни се критиките на адреса на главниот судија за досудениот пенал за дуелот меѓу Перишиќ и Квадрадо, па дури и легендата на Јувентус, Алесандро дел Пјеро призна дека не станувало збор за контакт што требаше да резултира со удар од белата точка за „старата дама“.

„Очигледно е дека постоеше контакт меѓу двајцата фудбалери. Сепак, мора да се потенцира дека Перишиќ не направи ништо, Квадрадо е тој што намерно згазна преку неговите нозе“, истакна Дел Пјеро.

Сличен беше ставот и на легендарниот дефанзивец на Милан, Алесандро Костакурта.

„Не знам што виде судијата Калварезе, но јас не видов пенал. Очигледно е, Квадрадо воопшто не ја гледа топката, туку нозете на Перишиќ. Како може вакво нешто да биде пенал“, критикува Костакурта.

Се вчитува...