Поранешниот хрватски тенисер и во моментов тренер на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ го победи коронавирусот. Среќната вест ја објави на инстаграм.
„По два негативни и два позитивни теста, дојде ред на мојот омилен петти сет. А, знаете дека секогаш бев незгоден во петти сет. Конечно негативен и конечно можам на слобода по три седмици во самоизолација. Задаре ти благодарам што еден месец ми беше одличен домаќин, сега се зближивме на на посебен начин. На сите им порачувам да се чуваат, а на заразените што побрзо опоравување“, напиша Иванишевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА