И Грците се жалат – Судиите се виновни за нашата елиминација

Кошаркарската репрезентација на Грција не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Кина, а Кошаркарската федерација на нашиот јужен сосед по дуелот со Чешка упати жалба кон ФИБА, за судењето на мечот бидејќи имало директно влијание кон конечниот резултат.

Раководството на грчката федерација од ФИБА бара да бидат казнети судиите на мечот против Чешка, како и одговорните лица за поставување на арбитрите на Светското првенство. Тие бараат да се прегледа снимката од мечот и јавно да ги објават заклучоците. За федерацијата на Грција овој меч е без преседан и треба да влезе во аналите на светската кошарка.

Грција ја победи Чешка со 84-77, а за пласман во нок-аут фазата потребна им беше победа од 12 поени разлика.

Се вчитува...