На третиот натпреварувачки ден од Летните олимписки игри во Токио и Хрватска ги освои своите први медали и тоа во таеквондо. Првото злато за Хрватите го донесе таеквондистката Матеа Јелиќ.
Јелиќ до златниот медал стигна во категоријата 67 килограми каде во финалната борба славеше над Британката, Лорен Вилијамс со 25-22. Во истиот спорт претходно првиот медал за Хрватска на овие игри го освои Тони Канает кој во мечот за бронзата славеше над Никита Рафалович од Узбекистан со 24-18.
За потсетување македонскиот претставник во таеквондо, Дејан Георгиевски ќе го има својот настап вечерва во 3 часот по полноќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА