И хрватски доктор со лекција за Ѓоковиќ – Земјата е округла, бензинот е запаллив, а вакцината е сигурна

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ изјави дека е противник на вакцинирањето како метод на лечење. Неговата изјава предизвика бура во светските медиуми и се најде на остра критика на докторите. Со критика против антивакцерите се јави и хрватскиот епидемиолог Крунослав Чапак, кој објасни колку е важна вакцината во овој момент.

„Новак Ѓоковиќ не сакам да го коментирам бидејќи не ја слушнав неговата изјава. Но, можам да ги коментирам сите антиваксери. Факт е дека беа тивки кога бројот на заразени се зголеми, но исто така е факт и дека ќе се јават кога ќе се намали бројот на заразени. Сепак, имам само едно нешто да им порачам. Мојата дефиниција за вакцината е: „Земјата е округла, бензинот е запаллив, а вакцината е потребна и сигурна“, изјави Чапак. 

За потсетување најдобриот тенисер во светот во разговор во живо на Фејсбук порача дека не би прифатил вакцинирање за коронавирусот за да може да патува на турнири.

Се вчитува...