И Интер издвоил 70 милиони евра вклучувајќи се во трката за Мбапе

Младиот француски напаѓач Килиан Мбапе, без сомнение, ќе биде во центарот на вниманието во летниот преоден рок. Веќе во оптек се шпекулациите за желбата на Реал Мадрид и Барселона за негов ангажман, а во трката се вклучи и милански Интер.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Интер е веднаш подготвен да издвои 70 милиони евра за услугите на 18-годишниот фудбалер. Наводно, веќе се остварени и првите контакти меѓу двата клуба.

Мбапе, иако со само 18 години, веќе има и два настапи за сениорската репрезентација на Франција. Сезонава одигра вкупно 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи и 21 гол.

Се вчитува...