И клуб од Премиер-лигата во трка за потписот на Џеко

Един Џеко и со 34 години и натаму е на мета на голем број европски клубови. Италијанските медиуми константно го поврзуваат со трансфер во Интер и во Јувентус. Но, конкуренција за неговиот потпис ќе имаат и во Вест Хем.

Според најавите, Вест Хем е подготвен да издвои 14 милиони евра за да ги добие услугите на Џеко.

Сепак, и доколку дефинитивно следи одлуката за напуштање на Рома малку веројатно е дека Џеко ќе го одбере Вест Хем пред италијанските великани кои ќе играат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...