КК Куманово во трилер завршница славеше над МЗТ 2 со 67-68. Кумановци се жалат на судењето во кошаркарската лига, велејќи дека тоа е катастрофално во текот на целата сезона. КК Куманово е вториот тим сезонава кој се жали на судискиот критериум, откако претходно истото го напомена и битолски Пелистер.
Во продолжение во го пренесуваме во целост соопштението на КК Куманово.
„По натпреварот од редовното коло на машкиот кошаркарски шампионат што КК “ Куманово 2009 “ го одигра во Скопје ,против вториот тим на МЗТ Скопје би сакале да обрнеме внимание и реагираме на судењето на делегираните судии кои според наше скромно мислење е недозволиво за овој ранг на натпреварување.
Како КК “Куманово 2009” во овие тешки времиња на пандемија, успеавме да се консолидираме , направиме конкуретна екипа и учествуваме засега на два фронта во домашното првнство и БИБЛ регионалното натпреварување каде успеавме да се пласираме во наредната рунда и достојно да го представиме мак-баскетот во регионот.
Но и покрај тоа во главна улога во досегашниот дел во македонскиот шампионат , не се кошаркарите,туку луѓето кои се надлежни за регуларноста на натпреварите – судиите кои прераснуваат во главни актери на мечевите од недела во недела.
Дел од нив со својот непрофесионален однос и арбитража придонесуваат македонската клупска кошарка во моментов да изгледа на моменти и смешна, кога се во прашање некои судиски одлуки кои се надвор од логиката, а носат штета на клубовите и кошаркарите, а за кои нема одредена санкција или казна за нивната арбитража.
Како клуб со реноме и традиција не бараме привилегии,туку квалитетно судење , кое ќе придонесе фер надигрување помеѓу тимовите во македонскиот шампионат и со нивното незнаење или неспретност нема да биде доведена регуларноста на натпреварите.
За секоја грешка или нанесена штета да бидат казнети или одстранети одредени поединци од натамошно делегирање, се со цел за што подобро судење на кошаркарските терени низ Македонија.
Секоја недела во континуитет се прават грешки за кои треба некој да сноси одговорност и затоа моравме да реагираме како клуб кој е дел и бараме само одговорно секој да си ја врши својата работа.
КК “Куманово 2009 ” ќе продолжи на спортски план да се бори за што подобар пласман на сите полиња на кои ќе се надигрува, без разлика на сите опструкции од страна на одредени поединци бидејќи нашата цел како клуб е да ја продолжиме успешната приказна која се темели на нашата историја и традиција како екипа“, се вели во соопштението на КК Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА