И Лефкоски си замина од Охрид, го засили Кожув

По Марјан Младеновиќ и Адем Мекиќ уште еден кошаркар на Охрид ги напушти редовите на досегашниот прволигаш кој останувајќи без финансиер се одлучи да се повлече од натпреварувањето во Првата лига.

И Војче Лефкоски си замина од Охрид, и официјално постигнувајќи договор за засилување на редовите на Кожув од Гевгелија.

Претходно, организаторот на играта Младеновиќ го засили Гостивар, а репрезентативецот Мекиќ се пресели во екипата на Пелистер.

Данило Мијатовиќ е на крстопат меѓу МЗТ Скопје и Работнички. Деновиве се очекува и неговата дефинитивна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...