По Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, и Русинот Данил Медведев го заврши својот настап на АТП Мастерсот во Рим откако убедливо загуби во осминафиналето од Американецот Томи Пол.
Американскиот тенисер лесно и убедливо го совлада четвртиот светски тенисер со 6-1 и 6-4 по само еден час и 14 минути игра.
Пол во четвртфиналето ќе игра против Хуберт Хуркач кој претходно го елиминираше Рафаел Надал.
Во четвртфиналето се пласираше и Александер Зверев кој со 6-2 и 7-5 го победи Португалецот Боргес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА