И на Енди Мареј не му е лесно во карантин (ФОТО)

Кога ќерките не го знаат значењето на килтот и те тераат да си играш „преправање“. Ова е објаснувањето за смешната фотографија што ја објави поранешниот светски тенисер број 1 , Енди Мареј на социјалните мрежи. Тој времето го минува со семјството почитувајќи ги препораките да се биде дома и мора да наоѓа интересни начини да ги забавува децата.

„Кога ќерките сакаат да си играат „преправање“, а не го знаат значењето на килтот и ти велат „тато облечи го здолништето“. Се обидов да им објаснам дека килтот не е здолниште, но тие заклучија дека дефинитивно се работи за здолниште“ – напиша Мареј.

 

;

Се вчитува...