И покрај пресудата од 8,5 години затвор, најде нов клуб – ќе игра во нашето соседство

Шпанскиот напаѓач Рафа Мир до крајот на сезоната ќе настапува за грчкиот клуб Арис, кој го потврди неговото пристигнување на позајмица од Севилја.

Договорот на Мир со Севилја истекува во летото 2027 година, а грчкиот клуб објави дека постигнал договор со 29-годишниот фудбалер по завршувањето на позајмицата да потпише едногодишен договор и да остане во Солун до летото 2028 година.

Мир во последната сезона настапуваше како позајмен играч во Елче, каде на 29 натпревари постигна осум голови. Претходно беше дел и од Валенсија, а во Севилја пристигна во 2021 година. За андалузискиот клуб запиша 105 настапи и 24 погодоци.

Неговиот трансфер во Арис доаѓа по период исполнет со правни проблеми. Шпанскиот напаѓач неодамна беше осуден на затворска казна на 8,5 години, поради сексуален и физички напад, а му беше изречена и двегодишна забрана за настап во Ла Лига.

Арис со ангажманот на Мир добива искусен напаѓач со настапи во шпанската елита и репрезентативно искуство.

Се вчитува...