И ПСЖ не го сака Рамос на две години

Серхио Рамос ќе го напушти Реал Мадрид по 15 години поминати во „кралскиот клуб“, но каде ќе ја продолжи кариерата останува непознато. Една од опциите е ПСЖ, но постои сериозен проблем во амбициите на играчот и клубот, пренесуваат медиумите во Франција.

Имено, главниот проблем кој го имаше стоперот со мадридскиот тим, долгогодишниот договор е пречка за да го облече дресот на „Светците“ и покрај тоа што Маурицио Покетино го посакува Шпанецот во неговите редови. Рамос сака сигурност со двогодишен договор, а спортскиот директор не нуди повеќе од една година.

За искусниот Шпанец постои интерес и од Манчестер Јунајтед, Рома и Милан, како проблем за неговиот потпис пак се јаува и големите примања кои ги бара Рамос. Јасно е дека не очекува уште една летна сага, а каде ќе заврши 35-годишникот останува да видиме.

Се вчитува...