И Стен Вавринка се откажа од УС опен

Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка е новото звучно име кое го откажа настапот на УС опен. Вавринка кој во моментов е на 17. место на АТП листата за швајцарските медиуми изјави дека го загрижува здравствената состојба во Њујорк и ширењето на коронавирусот.

Како што се наведува Швајцарецот место на УС опен ќе настапи на челенџери во Европа, во втората половина на месец август како би се подготвил за Ролан Гарос, кој на распоредот е во септември.

Покрај Стен Вавринка досега се откажаа и Рафаел Надал и Ник Кирјос кај мажите, додека во женска конкуренција во Њујорк нема да ги глеаме Ешли Барти, Елина Свитолина и Кики Бертенс.

Се вчитува...