И тенисерот кој создаде паника во Задар го победи коронавирусот: Негативен сум…

По Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и Борна Чориќ, од коронавирусот се опорави и првозаразениот тенисер од учесниците на „Адрија тур“ во Задар, Бугаринот Григор Димитров.

Димитров, се огласи од Монако, објавувајќи дека е негативен и на последниот контролен тест.

„Добив одлични вести од мојот доктор во Монако дека сум негативен на Ковид-19. Им благодарам на сите за поддршката овие изминати денови за време на мојот карантин. Се радувам што наскоро ќе се вратам на тренинг како би бил подготвен за настап во САД“ – вели Димитров.

Се вчитува...