И тоа го видовме – голманите на Вардар цело полувреме со НУЛА одбрани

Една од причините за слабите резултати на Вардар е очајната форма на голманите, но „црвено-црните“ успеаја да се надминат себе си со очајното издание во првото полувреме на дуелот со Војводина.

По првите 30 минути игра бранителот на трофејот е во негатива од 20-16, а голманите имаат кошмарен ден – не бранејќи ниту една единствена топка упатена кон нивниот гол.

Статистиката вели дека Калифа Гедбане прими девет гола со нула интервенции, а младиот Гогов 11 пати ја вадеше топката од мрежата, без да спречи ниту еден удар кон неговиот гол. На клупата се наоѓа и Марко Кизиќ, кој бранеше одлично до пред извесно време, но сега се поретко добива шанса од тренерот Кокшаров.

Се вчитува...