И тоа ни се случува: Македонија загуби со неверојатни 80 поени од Израел

Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 14 години доживеа срамен пораз од Израел од 34-114 на неофицијалното Европско првенство за кошаркари до 14 години кое се одржува во Словенија.

Израелците на полувремето стигнаа до предност од неверојатни +51 поен, добивајќи ги првите два периоди со 65-14. Во второто полувреме противниците „попуштија“ па на крај ние загубивма „само“ со -80 поени.

Дефинитивно неветувачка надеж за македонската кошарка ако се суди согласно игрите и резултатите на пионерите во Словенија. Величковски со 11 поени беше најдобар стрелец во македонската селекција, Рубин Стефанов постигна 10 поени Тео Војновиќ мечот го заврши со шест постигнати поени.

Македонија во првиот натпревар на турнирот загуби со 45-57 од Црна Гора. Сега следат натпреварите против Бугарија и Словенија.

Се вчитува...