И Троицки и неговата бремена сопруга позитивни на Ковид-19

Српскиот тенисер Виктор Троицки е уште еден во низата, по Григор Димитров и Борна Чориќ, кои се позитивни на Ковид-19 а кои учествуваа на серијата турнири „Адрија тур“ во организација на Новак Ѓоковиќ. Позитивна на коронавирусот е и бремената сопруга на Троицки која била присутна на турнирот во Белград.

 

View this post on Instagram

 

??

A post shared by Aleksandra Troicki (@aleksandratroicki) on

Троицки за српските медиуми потврди дека е позитивен на коронавирусот, а веќе се тестираат сите оние кои имале контакт со него. Ѓоковиќ на турнирот во Белград играше токму во групата со Троицки.

„Точно е  дека и сопругата и јас сме позитивни на коронавирусот. Тестирана беше и ќерката, но таа е негативна. Добро се чувствуваме, сега и двајцата во изолација“ – изјави Троицки за српски „Телеграф“.

Веќе се работи на дефинирање на сите лица кои биле во контакт со Троицки како би се затворел кругот на ширење на коронавирусот. Како што е познато, покрај тројцата тенисер позитивни на Ковид-19 се и кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ како и тренерот на Григор Димитров.

Се вчитува...