И втор пораз на женската репрезентација од Албанија (1-3)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа и втор пораз на пријателските натпревари против Албанија. Македонија денеска во Охрид загуби со идентични 1-3 (0-2), како и пред три дена на дуелот кој се одигра во Албанија.

Албанките победија со головите на Бајрактари во 2. минута, Красниќи во 43. минута и Рахмани во 67. минута. Единствениот погодок за македонската селекција беше дело на Рочи од пенал во финишот од натпреварот.

Претходно, во првото полувреме, при 0-1 за гостинките капитенот на македонската селекција Наташа Андонова не реализираше удар од белата точка.

Се вчитува...