Ибиши продолжува во хрватска Локомотива, Вардар го договори Стефан Лазаревиќ

Вардар за новата натпреварувачка сезона го договори и фудбалерот од средниот ред Стефан Лазаревиќ. Од друга страна, пак, остана без еден од најталентираните свои фудбалери, младинскиот репрезентативец Џемал Ибиши.

23-годишниот Лазаревиќ минатата сезона настапуваше за велешки Борец, а сега треба да биде освежување за составот на Александар Васоски, посебно откако „вардарци“ останаа без поголемиот дел првотимци од минатата сезона. Лазаревиќ, кој останува меѓу „вардарци“ до крајот на годинава, во минатото има настапи и за Тетекс и за Македонија ЃП.

Вардар, како што е познато, претходно се засили и со Бојан Најденов, Дејан Блажевски, Филип Петковски и Виктор Велковски.

19-годишниот Џемал Ибиши, пак, како што пренесуваат хрватскиот тим веќе се договорил за трансфер во хрватскиот вицешампион Локомотива.

Се вчитува...