Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ облече дрес на Хамарби и тоа јавноста го сфати како најава за изненадувачки трансфер во клубот, но, сепак, Ибракадабра ќе му помага на сосема поинаков начин. Напаѓачот ќе купи дел од акциите на Хамарби.
Првиот човек на клубот Ричард фон Ајкскул вели дека тоа е одличен маркетинг за клубот.
„Ова е прекрасен маркетиншки потег за нас. Да дојде човек како Ибрахимовиќ и да биде дел од Хамарби, тоа е неверојатна инвестиција. Се радуваме на ваквата соработка“, изјави Фон Ајкскул.
Ибрахимовиќ се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од ЛА галакси. Најверојатно ќе се врати во Италија, а најзаинтересиран за него е Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА