Ибрахимовиќ го пропушта Европското првенство, дали ја завршува и кариерата?

Милан го прегази Јувентус со 3-0 во претходното коло во италијанското првенство, но остана без услугите на Златан Ибрахимовиќ кој поради повреда мораше порано да го заврши натпреварот. Првичните информации беа дека искусниот напаѓач ќе пропушти само два меча, но по деталните прегледи Шваѓанецот би можел и да ја заврши својата кариера.

Како што пренесуваат италијанските медуми, 39-годишникот по поминатите лекарски прегледи во САД добил две опции за рехабилитација од повредата. Првата е терапија со која само би се санирала повредата на краток рок, додека втората е операција со која со сигурност го пропушта престојното Европско првенство кое за Швеѓанецот претставуваше и камбек во репрезентативниот дрес.

Договорот на Ибрахимовиќ со Милан истекува во јуни 2022 година, но оваа повреда би можела да биде и кобна по богатата кариера на напаѓачот кој во октомври влегува во петата деценија од својот живот.

 

Се вчитува...