Ибрахимовиќ и Михајловиќ: Само љубов… се разбираме со поглед…

Златан Ибрахимовиќ и Милан синоќа ја растурија Болоња на Синиша Михајловиќ, но почитта што двете фудбалски легенди ја имаат најдобро е отсликана во нивната заедничка фотографија, од прегратката по последниот свиреж на судијата на „Сан Сиро“.

Фотографијата на своите профили на социјалните мрежи ја сподели самиот Ибрахимовиќ со кратка порака – Само љубов, потврдувајќи го големото пријателство со српскиот стручњак.

По мечот на истата тема говореше и самиот Михајловиќ.

„Зборувавме за нашите семејства… Не сакавме да зборуваме за фудбал, кога станува збор за спорт ние се разбираме со поглед. Јас и Златан сме стари пријатели, застанавме да си направиме муабет“, истакна Михајловиќ.

Србинот не крие дека сака да го види Ибрахимовиќ во дресот на „болоњезите“, претходно ја загуби трката од Милан, но доколку Златан летово ги реализира најавите за заминување од „Сан Сиро“ тимот на Болоња сигурно ќе биде една од опциите за негово продолжение на кариерата.

Се вчитува...