Ибрахимовиќ: Кој е тој Рангник, првпат слушам за него

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да си замине од Милан на крајот од сезонава, а шведскиот ас јасно стави до знаење дека воопшто не е воодушевен од промените што се најавуваат на кормилото на „росонерите“. Ралф Рангник е договорен да дојде во двојна улога, како тренер и спортски директор во клубот, но Ибракадабра нема намера да потпише нов договор и да игра за германскиот стратег.

„Кој е тој Рангник? Не го познавам, првпат слушам за него“, изјави Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело спорт“.

Шведскиот голгетер нема намера да се пензионира и сигурно ќе игра уште најмалку една сезона, а во моментов најблиску до негов ангажман е Хамарби, шведскиот прволигаш во кој Ибрахимовиќ е ко-сопственик.

Се вчитува...