Ибрахимовиќ погоди за историја – најстар стрелец на сите времиња во Калчо-лигата

Златан Ибрахимовиќ постигна гол од пенал во финишот од првото полувреме меѓу Удинезе и Милан, со што Швеѓанецот испиша историја, станувајќи најстар стрелец на сите времиња во Калчо-лигата.

Златан беше непрецизен во првиот обид, но судијата му даде втора шанса откако еден гостински играч предвреме втрчал во шеснаесетникот, а Ибракадабра со силен и прецизен удар не му остави шанса на домашниот голман да се прослави.

Ибрахимовиќ денеска има полни 41 година и 166 дена, со што го урна рекордот на Алесандро Костакурта, кој стрелаше прецизно во 2007 кога имаше 41 година и 25 дена.

Се вчитува...