Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ на денешен ден пред точно седум години го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот, кој англиските медиуми го нарекоа „гол на столетието“.
Се играше судиското надополнување а пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Англија во кој домаќините водеа со 3-2. Голманот на Англија, Џо Харт беше принуден да истрча и да ја исфрли топката на некои 30 метри од својот гол. До топката за жал на Англичаните, а на среќа на сите љубители на фудбалот прв стигна Ибрахимовиќ и со „ножички“ ја зафати додека беше во воздухот. Тоа беше четврти гол за Златан на натпреварот и веројатно еден од најубавите во историјата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА