Ибрахимовиќ: Само еден тренер ми се заканил со преселба на трибини…

Златан Ибрахимовиќ во последните години во бројни ситуации го фалеше Жозе Мурињо за соработката додека го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Сепак, Швеѓанецот во интервју за британскиот весник „Мирор“ обелодени дека омилен тренер во кариерата не му е Мурињо, туку Фабио Капело.

„Без конкуренцција, омилен тренер ми е Фабио Капело, а еве и зошто. Еднаш дојде и ми рече: Ако не почнеш да даваш голови, ќе седиш на трибини. Тој е единствениот тренер што ми се заканил со такво нешто и ми се допадна бидејќи сакам кога луѓето се директни со мене. Не сакам некој да ми кажува дека сум најдобар, не морам да слушам кои веќе ги знам. За тренер ми треба некој што ќе направи да бидам уште подбар, што ќе знае да допре до мене, а Капело беше токму таков“ – изјави Ибрахимовиќ.

Златан настапи на 92 натпревари за Јувентус под водство на Фабио Капело, постигнувајќи 26 погодоци, по што се пресели во редовите на лутиот ривал Интер.

Се вчитува...