Ибрахимовиќ се опорави од повредата, но ќе ја прескокне Рома

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се опорави од непријатната повреда на тетивата поради која му се предвидуваше дека можеби и предвреме ќе ја заврши сезоната. Тој вчера се појави на тренингот на Милан и тренираше со екипата, но, сепак, ќе му бидат потребни неколку дена за да биде подготвен за настап. Популарниот Ибра ќе го пропушти утрешниот меч на „росонерите“ против Рома на „Сан Сиро“, но се очекува да влезе во натпреварувачки ритам за наредните искушенија во Серија А.

Пиоли сепак има причини за радост во пресрет на дуелот со „волчицата“. Во тимот се враќа Симон Кјаер и одбраната ќе биде значително поцврста, а се очекува да добие шанса за настап од самиот старт.

 

Се вчитува...