Ибрахимовиќ ‘скокна’ на Пиоли: „Не го разбрав што ми зборуваше“

Милан убедливо ја совлада Болоња со 5-1 на „Сан Сиро“, но и во најголемата победа оваа сезона се појави голем проблем. Златан Ибрахимовиќ ‘скокна’ кон тренерот Стефано Пиоли откако тој одлучи да го замени по еден час игра. Шведскиот напаѓач одигра добар натпревар, но не постигна гол, а веројатно имаше голема желба да се запише меѓу стрелците.

„Знам дека негодуваше, ниту еден фудбалер не сака да биде заменет. Ми рече нешто, но не го разбрав што зборуваше. Нормално е да биде нервозен, но моја работа е да ги одморам фудбалерите затоа што напорите се навистина големи поради згуснатиот ритам“, изјави Пиоли.

Милан се искачи на шестата позиција на табелата во Серија А и се бори за излез на европска сцена, во Лигата на УЕФА.

 

Се вчитува...