Ибрахимовиќ во првиот тим на Борец, Прелчец ја продолжи соработката

Велешки Борец за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе смета и на услугите на еден од своите најголеми таленти, Џемо Ибрахимовиќ.

Младиот фудбалер со славно презиме потекнува од фудбалската школа на велешкиот прволигаш, а сега првпат потпишува професионален договор со клубот.

Во клубот остануваат и офанзивецот Никола Прелчец, како и Никола Гавриќ, кои ја продолжија соработката.

Првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки Борец ќе го игра веќе утре во Пехчево против екипата на Академија Пандев.

Се вчитува...