Ибраими: Македонија не припаѓа меѓу аутсајдерите во европскиот фудбал

ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн

Никола Ѓуровски

Македонија оствари лесна и убедлива победа на гости против Лихтенштајн во петтиот меч од квалификациите за СП 2018 во Русија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски прикажаа доминантна игра и на крајот славеа сигурен триумф. Освоени се првите бодови во групата, што секако е мотив повеќе и за уште подобри игри во понатамошниот тек од квалификациите.

Бесарт Ибраими одигра квалитетен меч, и смета дека нашата национална селекција покажа на дело дека не припаѓа на аутсајдерите во европскиот фудбал.

„Верувавме дека со максимално залагање можеме многу повеќе. Немавме среќа на претходните натпревари, но бевме решени да стигнеме до триумф против Лихтенштајн. Освоивме значајни бодови и мислам дека прикажавме добра игра. Нема веќе лесни противници, па и Лихтенштајн не е веќе тотален аутсајдер. Но, покажавме дека Македонија воопшто не припаѓа меѓу аутсајдерите во европскиот фудбал“, изјави Бесарт Ибраими.

Се вчитува...