Ибракадабра-шоу за нова победа на Милан

Серијата одлични игри на Милан продолжи и на денешното гостување против Сасуоло (1-2), петти триумф на „росонерите“ во последните шест кола. Денешниот дуел мина во знакот на Златан Ибрахимовиќ, кој ги постигна двата погодоци за својот тим, кој се искачи на петтото место на калчолигашката табела.

Тој најпрвин биеше прецизно со удар со глава од пет метри, а откако домаќините израмнија преку Капуто (од пенал), Ибрахимовиќ повторно го донесе Милан во водство пред самиот крај на полувремето, откако го мина и голманот и ја смести топката во празната мрежа.

Се вчитува...