Идеалниот тим според ФИФПро: Осум ѕвезди од Ла Лига, доминација на Реал Мадрид

Организацијата на професионални фудбалери, ФИФПро, одлучи кои играчи треба да бидат во идеалниот состав за 2017 година. Годинашниот „дрим тим“ го изгласаа 24.000 професионални фудбалери низ светот, а екипата е формирана со дури осум ѕвезди од шпанското првенство, од кои пет од нив се играчи на Реал Мадирд, додека Барселона има три претставници, ако се земе во предвид и Нејмар го носеше дресот на „каталонците“ до минатата сезона.

Како прв избор за чувар на мрежата е легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, дефанзивната линија ја сочинуваат Дани Алвеш, Леонардо Бонучи, Серхио Рамос и Марсело.

Лука Модриќ и Тони Крос го предводат средниот ред покрај искусниот Андрес Иниеста, а триото во нападот секако се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

Се вчитува...