Иџе победник на трката во Чешка

Игор Стефановски – Иџе го освои првото место во Чешка, победувајќи на ридско-брзинската трка во Штербек, во рамките на ФИА Европскиот шампионат. И покрај тоа што имаше прболеми со возилото кое ги најави пред трката, сепак, на крајот успеа да оствари победа.

Иџе имаше две супер возења, со кои на крајот стигна до највисокото место на победничкиот пиедестал.

Инаку вчера Иџе напомена дека трката ја посветува на Јири Лос од Чешка, и го имаше неговото име на возилото.

Се вчитува...