Иџе Стефановски триумфираше во Бузет за европска вицешампионска титула (ВИДЕО/ ФОТО)

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе триумфираше на последната трка на Европскиот ридско-планински шампионат која се возеше во Бузет, Хрватска со што стигна до европската вицешампионска титула во генералниот пласман.

Стефановски мина извонредна трка во Бузет, поставувајќи и рекорд на патеката со вкупно време на двете трки од 5:13,189 часа, а оставајќи го зад себе ривалот од Италија, Антонино Миљуоло со повеќе од три минути зад себе. Сепак, Миљуоло поради бодовите од претходните трки на крајот успеа да ја задржи европската титула за оваа сезона.

Со оваа трка се спушти завесата на уште една сезона во ридско-планинскиот шампионат.

Стефановски дојде до второто место во генералниот пласман во својата категорија со вкупно 166 бода, додека шампионот Миљуоло заврши со 177 бода.

Се вчитува...