Ташковски блесна во Струга: Давам се од себе, резултатот ќе дојде… (ФОТО)

Вардар се наоѓа на добар пат да избори место во „елитата“ и следната сезона откако на гостински терен во Струга славеше над Црн Дрим со 68-81. Ова е втората победа за „црвено-црните“ над директниот конкурент за опстанок, откако избраниците на Јованчев славеа и на првиот меѓусебен дуел во „Кале“.

Предводник на скопскиот состав на оваа средба беше младиот Виктор Ташковски кој натпреварот го заврши со 25 поени со само еден промашен обид кон противничкиот кош (9/9 за два и 2/3 за три поени). 19-годишникот оваа сезона е еден од предводниците на составот на Јованчев со просек од 11.2 поени, 2.4 скока и 2.1 асистенции на 10 одиграни средби.

„Тренирам и се трудам максимално, давам 100% на секој тренинг и мислам дека со тоа успехот и резултатот ќе дојдат сами со текот на времето. На секој натпревар влегувам максимално мотивиран, но за дуелот против Црн Дрим имав и дополнителна мотивација бидејќи беше една искучително битна средба за нас“ – изјави за ЕКИПА, Виктор Ташковски.

Се вчитува...