Игњатов ќе го води Работнички до крајот на сезоната

Поранешниот играч на Работнички, Стојанче Игњатов, ќе биде тренер на Работнички до крајот на сезоната. Тој ќе ја превзеде тренерската палка од Борче Христов, кој доби отказ после поразот од Струга Трим Лум.

Како што дознаваме, засега „романтичарите“ не планираат да бараат нов тренер барем до крајот на сезоната, а потоа ќе се одлучува дали ќе продолжи Игњатов, или ќе му се даде довербата на друг.

Покрај Игњатов, во тренерскиот штаб како негови помошници ќе бидат и Блаже Јанакиевски и Вангел Алтипармаковски. Филип Ивановиќ ќе биде тренер на голманите.

Се вчитува...