Игор Алексовски се договори со Елбасан

Повремениот македонски репрезентативец, голманот Игор Алексовски има нов клуб. Алексовски ќе остане во Албанија откако потпиша договор со прволигашот Елбасан.

Тој стави потпис на договор со клубот од централна Албанија во важност од две години.

Претходно тој го раскина договорот со Фљамуртари за кого од 2025 година запиша 35 настапи.

Се вчитува...