Игор Михајловски е најблиску до клупата на Работнички

Работнички е на добар пат да го реши тренерското прашање и во наредните денови ќе го именува Игор Михајловски за шеф на стручниот штаб на „центарци“, дознава ЕКИПА.

„Црвено-белите“ се соочуваат со сериозна криза поради задоцнети плати кон играчите, заминување на странските засилувања, што резултираше со срамен пораз од 51 поен разлика од новиот прволигаш Феникс. Новата управа се уште го нема преземено клубот, тоа се очекува да се случи на закажаното собрание за почетокот на месец март, но во меѓувреме се очекува да пристигне наследникот на Тони Симиќ на клупата на „центарци“.

Веќе е контактиран Игор Михајловски, поранешниот македонски репрезентативец кој изразил подготвеност да седне на „жешката клупа“ во пресрет на битките за опстанок што ќе го очекуваат Работнички. Михајловски претходно ги водеше Кожув и Куманово, но без особен успех, а главна задача ќе му биде обезбедување на опстанок во оваа исклучително тешка ситуација во која се наоѓа најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Се вчитува...